Св. Илија


Манастирот “Св. Илија” се наоѓа на планината Еленица на 4 км. од Струмица. Се претпоставува дека црквата е изградена при крајот на XVI век, што може да се заклучи од иконите што потекнуваат од тој период. Овде е пронајдена и камен - плоча (денес изгубена) со старословенско писмо, која ако не била донесена овде, тогаш црквата би датирала од многу порано. Манастирот бил срушен во текот на неговото постоење и во 1923 г. на истите темели да биде поново подигнат и проширен во периодот од 1975 г. до 1984 г. Манастирот е еднокуполен со претстава во куполата на Исус Пантократор (Вседржител), во пандантифите се претставени четворицата евангелисти: Марко, Матеј, Јован и Лука. Иконостасот на манастирот е изработен во дрво. Во склоп на црквата денес егзистираат конаци изградени на почетокот на овој век.