Фестивали и настани


Дојди во Струмица ако ја почитуваш културата и културните манифестации

Струмица е центар на културата во Источна Македонија и еден од најголемите центри во земјата. Главна одлика на струмичкото културно живеење се традиционалните културни манифестации од кои дури шест се меѓународни.

  • Дојди во Струмица за да се увериш дека Струмичкиот карневал неслучајно е избран за еден од дваесетте најдобри улични карневали во светот.
  • Дојди во Струмица за да го видиш ликовното мајсторство на уметниците од целиот свет на “Меѓународната струмичка ликовна колонија” која е најстара во Македонија.
  • Дојди во Струмица за до го посетиш Меѓународниот фестивал на камерен театар “Ристо Шишков” кој е единствен фестивал во Македонија посветен на актерот.
  • Дојди во Струмица за да се насмееш на духовитите дела на афоризматичарите и карикатуристите на тема карневал и еротика на фестивалот за афоризам и карикатура.
  • Дојди во Струмица за да ја почувствуваш магијата на краткиот игран, документарен и анимиран филм на Интернационалниот филмски фестивал “Астерфест”.
  • Дојди во Струмица за да го видиш спојот на културата и забавата на “Струмица опен фест” кој ги задоволува потребите на луѓето со различни вкусови и од различни генерации.
  • Дојди во Струмица ако ја сакаш традиционалната музика на Фестивалот за староградски песни и серенади “Под кулите на Струмица”.