Беласица 5


Пешачка патека с. Банско – месност “Свидовичка раскрсница” – с. Банско

Оваа патека започнува од подножјето на селото Банско и по широк шумски пат, со мало искачување нагоре, води до местото наречено ’’Свидовичка раскрсница’’. Оваа патека всушност претставува широк шумски пат, по која освен пешаци, можат да се движат и велосипеди и други моторни возила. Натамошното искачување по падините на Беласица води до истоимената висорамнина - „Свидовичка раскрсница“, која е поголема и има низа поволности за да биде интересно излетничко место. Во пролетниот дел од годината, овде може да се сретне и цвеќето „Лила“, кое е специфично за флората на планината Беласица. Патеката продолжува нагоре кон месноста „Џами Кран“. За разлика од првиот дел на патеката кој е поблаг, во вториот дел паралелно со висината, се зголемува и нејзината стрмнина. Притоа, од левата и десната страна на патеката, природата го дарила сиот свој раскош, што е доста примамливо и за чистиот воздух, но и за прекрасните амбиенти за фотографирање. Понатаму, патеката води кон Споменикот на „Петте струмички студенти“, кој има своја важност и историја. Оваа е прекрасна шумска патека, со богата флора и фауна која може да се сретне низ целата нејзина должина. Самата патека е кружна и со слегување повторно води до почетната точка во селото Банско.

Според местото каде што се наоѓа, оваа патека спаѓа во категоријата на планински патеки, според тежината спаѓа во категоријата на тешки патеки (патеки наменети за планинари и професионалци), а според подлогата, спаѓа во категоријата на земјени патеки. Долга е над 5.000 метри.

  • Флора и фауна:

Пешачката патека е богата со разновидна флора, фунгија и фауна. Тревната флора располага со многубројни видови на цветови, чаеви и плодови, како и со нискостеблести растенија: шипки (Rosa canina), рибизли (Ribes ribrum), капини (Rubus fructicosus), малини (Rubus idaeus), коприва (Urticaceae), здравец (Geranium macrorrhizum), глуварче (Taraxacum officinale), камилица (Matricaria chamomilla) и др., и повеќе видови на печурки од кои најпознати се печурките кои се користат во исхраната: шампињонка (Agaricus bisporus), срндак (Macrolepiota procera), вргањ (Suillus luteus), лисичарка (Cantharellus cibarius) и други видови.

Во пониските делови на патеката претежно се среќава разновидна листопадна шума, а од дрвјата најзастапени се: бреза (Betula alba), липа (Tilia), а во повисоките делови има зимзелена шума богата со: чемпрес (Cupressus), смрека (Juniperus), бор (Pinus) и др. Богатството и хетерогеноста на видовите на екосистемите се резултат на поволната клима и специфичната географска положба.

Низ самата патека може да се сретнат ендемски видови на растенија и тоа: кралски папрат (Osmunda regalis) и кедар (Cedrus).

Фауната е разновидна и се состои од: верверичка (Sciurus vulgaris), волк (Lupus), дива мачка (Felis silvestris), срна (Cervus capreolus), див зајак (Cuniculus) и др., а од птиците најкарактеристични се: утка (Strix aluco), орел (Aquila), сојка (Garrulus glandarius), фазан (Phasianus colchicus), гулаб гривнаш (Columba palumbus), гавран (Corvus corax), чавка (Corvus monedula) и др., а присутни се и разни видови инсекти.

  • Дополнители можности за користење на патеката: еко – туризам, археолошки туризам, хербален туризам.
  • Правила кои треба да се почитуваат при движењето низ патеката:
    • Внимателно изберете ја вашата патека и држете се до неа. Одделете си доволно време и тргнете порано. Секогаш информирајте некого кон која патека се упатувате и времето на вашето поаѓање и враќање од истата.
    • Секогаш носете водоотпорна облека, дури и во лето, и носете комфортни обувки за пешачење. Носете капа, шешир или очила за заштита од сонцето. Времето на планина се менува брзо.
    • Ако сте се изгубиле или сте принудени да престанете со пешачењето поради лошо време, не се разделувајте од групата туку останете заедно и на едно место. Пронајдете го најблиското засолниште.
    • Во случај на повреда, одделете доволно време за да ја процените моменталната ситуација. Пратете две лица да побараат помош, а третото лице да остане со повредениот.
    • Секогаш имајте со вас доволно вода и храна, особено во летните периоди, во случај на задоцнување. Секогаш информирајте се за времето и вратете се назад доколку сте тргнале покасно или се најавени лоши временски услови.
    • Земете со вас целосно наполнет мобилен телефон за секаква намена и потреба.
    • Важно! При пешачење низ планинска патека, секогаш мора да ве води професионален лиценциран водич за планински патеки.
4

класа


ТЕЖИНА НА СОВЛАДУВАЊЕ
5

километри


ДОЛЖИНА НА ПАТЕКАТА