Струмички карневал


Струмичкиот карневал е манифестација која се оддржува секоја година во рамките на карневалските свечености, а е во тесна врска со празникот Тримери и почетокот на Велигденските пости. Покрај маскенбалот, детскиот карневал и другите пропратни содржини, Струмичкиот карневал е централен настан кој привлекува голем број посетители и учесници од земјата и странство. Првите пишани документи за карневалот ги оставил турскиот патеписец Евлија Челебија во 1670 година, но се претпоставува дека тој постои многу од порано. Веќе 20 години Струмица и Струмичкиот карневал се членки на Федерацијата на Европските карневалски градови (FECC). Континуираниот растеж на оваа манифестација овозможи Струмичкиот карневал да се вбројува меѓу најдобрите во Европа и меѓу 20-те најуспешни карневалски случувања во светот.