Ендемски видови


Богатството и хетерогеноста на видовите на екосистемите, се основни обележја на биолошката разновидност во општина Струмица. Ваквата состојба е резултат на специфичната географска положба, климатските, педолошките, геоморфолошките и другите карактеристики, како и на промените што се случувале во изминатите геолошки периоди на оваа територија. На планината Беласица можат да се најдат многу ендемски видови на растенија, меѓу кои вреди да се спомене кралскиот папрат или Osmunda regalis.

Osmunda regalis или кралски папрат е вид на листопаден папрат кој потекнува од Северна Америка, а се појавува и во Европа, Азија и Африка. Името “кралски папрат” ова растение го добива поради тоа што претставува еден од најголемите и најимпресивните папрати во Европа. Расте во шумски мочуришта и речни брегови, а исто така е познат како цветен папрат поради појавата на неговата плодна трева. Се користи во текстилната индустрија.

Кралскиот папрат е ендемичен вид на папрат кој се развива на многу мал простор. Околината на селата Банско и Габрово е единственото место во Република Македонија, а можеби и на Балканот, каде што на површина од околу 500 метри квадратни расте овој посебен вид папрат. Затоа, со одлука на општина Струмица од 1987 година, ова растение, поради своите посебни карактеристики што го разграничува од копнените растенија, се третира како заштитен вид.