Велјуса 1


Пешачка патека с. ВЕЛЈУСА - КАРПА ИСКАЗНИК - ЧЕШМА ИСКАЗНИК - с. ВЕЛЈУСА

Пешачката патека започнува од селото Велјуса, а потоа со благо искачување нагоре води до местото наречено ’’Исказник’’. Ова место е значајно по големата карпа, која што ја користат планинарските друштва во општина Струмица, за обуки и вежбање на планинарење (алпинизам).

Овде има чист и свеж планински воздух, разновидна нискостеблеста шума и богата флора во текот на пролетниот и летниот период. Поволната клима и природната убавина, се главни предуслови за прошетка во природа, за одмор, рекреација и релаксација.

Одовде, пешачката патека продолужува нагоре кон местото (врв) нарекувано ’’Перица’’. Ова место е повисоко и идеално е за фотографирање на Струмичката и Вељушката котлина. Пешачката патека е проодна и има можност за повеќе намени и тоа: спортски, рекреативни, културни, истражувачки, едукативни и др.

Пешачката патека продолжува кон селото Белотино и понатаму се вклучува на регионалниот пат кој води за Струмица. Минувајќи низ пешачката патека може да се забележи разновидна флора и фауна во текот на целата година.

  • Флора и фауна:

Пешачката патека се карактеризира со разновидна флора, фунгија и фауна. Во околината на патеката се застапени претежно нискостеблести растенија како што се: рибизли, капини, малини, боровинки, шипка, и др., како и повеќе видови на габи и тоа: лисичарка - Cantharellus cibarins, шампињонка - Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera и други видови. Тревната флора овозможува престој и собирање на цветови, разновдни видови на чаеви, плодови и др.

Во пониските делови на патеката претежно се среќава разновидна листопадна шума, а од дрвјата најмногу застапени се: Betula alba - бреза, Tilia sp. – липа, Acer sp. - јавор, а во повисоките делови има зимзелена шума богата со Pinus sp. - бор, Juniperus sp. - смрека, Thuja sp. - туја и др. Богатството и хетерогеноста на видовите на екоситемите се резултат на поволната клима и специфичната географска положба.

Од фаунистички аспект, најмногу има див зајак, диви свињи, волк, лисица и др., а од птиците најкарактеристични се: славеј, еребица, фазан, сокол, орел и др., а присутни се и разни видови инсекти.

  • Дополнители можности за користење на патеката: (еко – туризам, хербален туризам, археолошки туризам, културен и манастирски туризам, селски и агро – туризам, пешачење, планински велосипедизам, алпинизам).

ПОДЛОГА: Земјен пат