Религија и наследство


  • Дојди во Струмица за да ги допреш ѕидините на “Цареви Кули” кои кријат историја долга 7000 години.
  • Дојди во Струмица за да ги видиш различните слоеви на струмичкиот опстој низ вековите на локалитетот “Орта Џамија”.
  • Дојди во Струмица за да ја посетиш Римската терма во Бања Банско, еден од најдобро сочуваните римски споменици од таков вид во Европа.
  • Дојди во Струмица за да го пречекориш прагот на црквата “Св. Кирил и Методиј” во која православните христијани од Струмица му се молат на Господа повеќе од 100 години.
  • Дојди во Струмица за да го видиш културното место за струмичките излетници и христијански верници – манастирот “Св. Илија”.
  • Дојди во Струмица за да им се поклониш на Светите 15 тивериополски свештеномаченици – заштитниците на Струмица, кои пред помалку од 17 векови го ширеле христијанството на овие простори.
  • Дојди во Струмица за да го посетиш комплексот цркви “Св. Леонтиј” во Водоча изградени во периодот од V до XII век каде што се наоѓало седиштето на епископите.
  • Дојди во Струмица за да ја видиш убавината на архитектурата на манастирот “Св. Богородица Елеуса” во Велјуса, неговиот редок фрескоживопис и најоригиналниот крст на светот.
  • Дојди во Струмица за да го почувствуваш амбиентот на многувековното културно наследство во овој крај, во манастирската црква “Свети 40 Севастиски маченици” во селото Банско.