Габрово 1


Пешачка патека с. ГАБРОВО – ВОДОПАДИ I – II – III

Пешачката патека по земјен пат со искачување нагоре води до ’’Габровскиот водопад’’. Патот е широк, погоден за пешачење и планински велосипедизам до ’’Габровските водопади I, II и III’’.

Оваа патека е кратка и достапна за сите посетители кои со пешачење, за 15 – 20 минути, можат да пристигнат до ’’Габровскиот водопад’’. На левата и десната страна има нискостеблеста шума, богата со рибизли, малини, капини, боровинки и др., и повеќе видови на листопадни дрвја.

Патеката е целосно проодна, покрај самата патека минува реката која води до самото село Габрово. Долж патеката, од левата страна има поставено маси и клупи за одмор и рекреација на посетителите, а тука има прекрасна можност и за панорамско фотографирање на околината на селата Габрово и Колешино.

’’Габровските водопади’’ преставуваат исклучителна природна убавина која вреди да се посети и да се почувствува свежината која ја нуди овој дел од планината Беласица.

  • Флора и фауна:

Пешачката патека е богата со разновидна флора, фунгија и фауна.    

Тревната флора, застапеноста на букова, брезова и борова шума се пријатна можност за набљудување и престој, како и собирање на голем број рановидни видови на чаеви, цветови, лисја, плодови и др.

Во околината на патеката, доминираат нискостеблести растенија како што се: рибизли, капини, малини, боровинки, шипка и др., како и повеќе видови на габи и тоа: лисичарка - Cantharellus cibarins, шампињонка- Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera и други видови.

Во пониските делови на патеката се среќаваaт и: Castanea sativia – костени, разновидни листопадни дрвја, како што се: Betula alba - бреза, Tilia sp. – липа, Acer sp. - јавор, а во повисоките делови има зимзелена шума богата со Pinus sp. - бор, Juniperus sp. - смрека, Thuja sp. - туја и др.

Од фаунистички аспект, најмногу има див зајак, волк, диви свињи, лисици, и др., а од птиците најкарактеристични се: славеј, фазан, сокол, еребица, орел и др., а присутни се и разни видови инсекти.

  • Дополнителни можности за користење на патеката: (еко – туризам, рурален туризам, ловен туризам, пешачење и џогирање, планински велосипедизам, хербален туризам).

ПОДЛОГА: Земјен пат