Момин Бунар 2


Пешачка патека МОМИН БУНАР – ЕРГЕНСКА ЧЕШМА – ЦРКВА СВ. НЕДЕЛА – ЛОЗИЊА – ДВАТА ПАТА – ЦРКВА СВ. ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ – МОМИН БУНАР

Пешачка патека погодна за искачување на ридот ’’Самораница’’. Започнува од местото наречено ’’Момин бунар’’ и во близина на Порој ’’Коритниче, а понатаму по асфалтиран пат продолжува кон ’’Ергенска чешма’’. Пешачката патека со искачување нагоре води до ’’Камчева чешма’’, а лево од неа се тргнува нагоре кон месноста “Расадник на кајсии”. Овде има прекрасна природа, чист воздух и можност за панорамско фотографирање на градот Струмица.

Пешачката патека продолжува нагоре стрмно, по тешко прооден пат, (тесен), од карпести шпили до локалитетот наречен ’’Ушето’’. На ова место има мешовита шума, богата со разновидни растенија, а понекогаш можат да се сретнат и шумски животни.

Пешачејќи се стигнува до ’’Нов Манастир’’ и оттука, патеката води нагоре по тешко прооден пат кон позната месност за градот Струмица - ’’Двата Пата’’. Местото е погодно за одмор и рекреација, за изведување на различни манифестации, истражувања и едукации, пикник излети и др. Оттука, пешачката патека, по рамен асфалтиран пат води кон Месноста ’’Чам Чифлик’’.

Оваа пешачка патека е многу долга и тешка за искачување, и по неа можат да се движат луѓе со добра физичка подготвеност, професионални планинари или алпинисти. Пешачката патека, минува и низ месноста ’’Лозина’’ и продолжува до црквата ’’Св. 15 Тивериополски свештеномаченици’’. Пешачката патека има можност за кружно движење од повеќе правци.

  • Флора и фауна:

Пешачката патека изобилува со разновидна тревна флора, која нуди можност за собирање на разновидни видови на чаеви, полна е со нискостеблести растенија, повеќе видови на габи и тоа: лисичарка - Cantharellus, шампињонка - Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera, и др., и плодови како што се: малини, капини, рибизли, боровинки, шипка и др.

Во пониските делови на патеката најмногу се застапени листопадните дрвја и тоа: Betula alba - бреза, Tilia sp. - липа, Acer sp. - јавори, а на повисоките делови најчесто доминираат зимзелените дрвја и тоа: Pinus sp. - бор, Cupressus sp. - чемпрес, Abies Alba - ела, Picea abies - смрча и др.

Од фаунистички аспект, присутни се: зајак, волк, лисица, диви свињи и др., а од птиците најмногу се среќаваат: славеј, фазан, еребица, сокол, орел, и др., а присутни се и разни видови инсекти.

  • Доплонителни можности за користење на патеката: (еко – туризам, пешачење и џогирање, планински велосипедизам, археолошки туризам, хербален туризам).

ПОДЛОГА: Земјен пат