Под кулите на Струмица


„Под кулите на Струмица“ е фестивал на староградски песни и серенади кој веќе шест години се оддржува во Струмичкиот центар за култура ,,Антон Панов’’. Фестивалот има ревијален карактер, а на истиот учествуваат музичко - вокални ансамбли кои ја негуваат староградската песна и серенадата. Покрај староградски ансамбли од Македонија, во неколку фестивалски изданија учество зедоа и пејачки групи од неколку балкански земји.