Спомен костурница - Струмица


Спомен – костурницата во Струмица е изградена на ридот Самораница на 327 метри надморска височина. Изградбата била започната во 1979 година, а на 04.07.1982 година, со свечен чин биле пренесени моштите на загинатите борци во НОВ и положени во саркофагот.

Во саркофагот се наоѓаат посмртните останки на: Благој Јанков - Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Кирил Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов. Дело е на архитектот Благој Колев. Изградена е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер. Аулата има две врати, влез – излез, и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозорци и еден централен. Платото е градено во форма на отворен амфитеатар, а мермерните платна се во форма на раскинати ланци, раскинато ропство.

.