Споменик на Гоце Арнаудов - Струмица


Споменикот на великанот на македонската народна музика Гоце Арнаудов (1954-2011), се наоѓа во малиот Градски парк во Струмица, во непосредна близина на неговиот дом, каде што живееше и твореше.

Споменикот на Гоце Арнаудов е подигнат и свечено откриен на иницијатива и добра волја на општина Струмица. Автор на делото е македонскиот скулптор и сликар Митко Тошев од Струмица. Спомен - обележјето е изработено од бронза во природна големина, поставено на постамент и го доловува моментот на сценски настап на пејачот – со микрофон во рака. Како што песните на Гоце Арнаудов се вечни, така и ова дело ќе остане вечен и траен спомен за идните генерации.

Гоце Арнаудов учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место.

Општина Струмица во 2000 година му додели награда за пејач на деценијата и го прогласи за почесен граѓанин.