Мерата
,,Мерата” е археолошки локалитет кој се наоѓа во Баница, општина Струмица. ,,Мерата” претставува термален објект од доцноантичкото време. Во 1990 година, при копањето на темили за подигање на приватана куќа, во самото село, во местото наречено Мерата биле откриени остатоци од темели на ѕидови.
Веднаш потоа Завод и Музеј – Струмица извршил заштитно ископување, на длабочина од 0,50 м. Се констатирани темели од ѕидови што се протегале во југоисточен и северозападен правец, односно станувало збор за поголем објект од термален карактер, кој според начинот на градењето и внатрешната организација отстапува од вообичаените доцноантички бањи. Термалниот простор го сочинуваат четири простории. Тепидариумот има основа впишан крст во квадрат, со делови од хипокауст од кој се зачувани столпчиња од неправилни квадратни суспензури, како и делови од префурниум.
Комуникацијата меѓу просториите не била утврдена, а исто така и главниот влез кој би требало да се наоѓа на источната страна. Присутни се и секундарни преградувања со ѕидови од камен и кал.


