Св. Димитриј и Св. Григориј Палама


Изградена во византиски стил, црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ ја одржала својата прва служба на Божиќ 2002 година (7.01.200120 и била осветена на 11.11. 2003 (чествувањето на Св. Димитриј). Иконостасот бил првично изработен од костеново дрво, но подоцна бил заменет со мермерен. Ги прикажува Богородица, Исус Христос, Св. Григориј Палама и Св. Димитриј. Светецот Св. Григориј Палама се смета за заштитник на Струмичката Епархија и на монасите. Денес, остатоците на двајцата светци се чуваат во нивните цркви во Солун. Црквата се состои од купола, но Христос Пантекратор треба допрва да се прикаже во неа.

Црковниот олтар го прикажува живописот на Св. Ахил Преспански, Св. Григориј Богословец, Св. Григориј Палама, Св. Васил Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Климент Охридски. Во левиот дел од црквата може да се видат живописите на Св. Методиј, Св. Кирил, Св. Александар Александриски, Св. Спиридон, Св. Харалампиј, Великомаченицата Киријака (Св. Недела) и Великомаченицата Катерина Синајска. Живописите на Св. Климент, Св. Наум, Св. Анастасија Римјанката, Св. Пантелејмон, Св. Петка, Св. Кирик и Јулита, Св. Марија Магдалена, Св. Теофил Струмички, Св. Серафим Саровски и Св. Силуан Атонски се сите во десниот дел од црквата. Изградбата на најголемата црква во Македонија, посветена на Успетието на Пресвета Богородица, е планирана во дворот на црквата Св. Димитриј и Св. Григориј Палама.