Споменик на Петте струмички студенти - Струмица
Спомен – обележјето посветено на петте струмички студенти убиени во 1951 година е изработено од бел мермер, со вертикално платно на кое релјефно се издлабени силуетите на убиените студенти. Ова мермерно плато е поставено врз мермерна плоча, а целото спомен – обележје врз осмоаголен постамент, врз кој има мермерна книга со стихови и со имињата и презимињата на убиените (Борис Белев, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов, Мирко Пецев, Стево Топчев). Споменикот е дело на академските ликовни уметници Александар Наумовски и Синиша Новевски, изработено и поставено во 1999 година.


