Ловен Дом 6


Пешачка патека ЛОВЕН ДОМ – СВ. ИЛИЈА – ЧАМ ЧИФЛИК – ДВАТА ПАТА – ЛОЗИНА – ТУРСКО МААЛО – ЦРКВА СВ. 15 ТИВЕРИОПОЛСКИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИЦИ

Пешачка патека со посебна убавина и раскош, (модерна трим патека) која започнува од месноста ’’Ловен Дом’’ и нагоре води до манастирот ’’Свети Илија’’ во Струмица. Тука има прекрасна природа, разновидни живописни пејзажи во сите годишни времиња и можност за фотографирање на целата струмичка котлина.

Местото е богато со разновидна листопадна и зимзелена шума. Од листопадните дрвја најмногу застапени се: брезата, липата, јаворот, костени и др., а од зимзелените дрвја претежно доминираат: борот, елата, смреката, чемпресот и др.

Патеката понатаму во угорница продолжува кон познатото место ’’Чам Чифлик’’. Овде по самата пешачка патека има зимзелена шума која е природен прочистувач на белите дробови, природна ’’воздушна бања’’. Така обиколувајќи го целиот рид ’’Самораница’’, патеката води до местото наречено ’’Двата Пата’’, кое што е погодно за воздишка и мал одмор во природа. Понатаму, покрај турските гробишта, продолжува кон Турското маало во Струмица, каде може да се види секојдневниот живот на турската популација во општина Струмица.

Оваа пешачка патека води до црквата ’’Свети 15 Тивериополски свештеномаченици’’, значаен културно – историски споменик.

Пешачката патека, има можност за кружно движење и се користи за рекреативни, спортски, културни, истражувачки и едукативни активности, прекрасна патека за разгледување на флората и фауната што се среќаваат на ридот ’’Самораница’’ и ’’Еленица’’.

  • Флора и фауна:

Пешачката патека е полна со разновидни видови на нискостеблеста и високостеблеста шума. Од нискостеблестите растенија присутни се повеќе видови на габи и тоа: лисичарка - Cantharellus, шампињонка - Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera, и др., разновидни чаеви, рибизли, капини, малини, боровинки, шипка, и др.

Од листопадните дрвја најмногу се застапени: Betula Alba - бреза, Tilia sp. - липа, Acer sp. - јавор, Castanea - костен, Fagus silvatica - бука, а од зимзелените претежно доминираат: Cupressus sp. - чемпрес, Pinus sp. - бор, Thuja sp. - туи и др.

Од фаунистички аспект, присутни се: зајак, волк, лисица, диви свињи и др., а од птиците најмногу се среќаваат: славеј, фазан, еребица, сокол, орел и др., а присутни се и разни видови инсекти.

  • Дополнителни можности за користење на патеката: (еко – туризам, пешачење и џогирање, планински велосипедизам, археолошки туризам, хербален туризам, и др.).

ПОДЛОГА: Земјен пат / Асфалт