Велјуса 2


Пешачка патека с. ВЕЛЈУСА – КАРПА ИСКАЗНИК - ЧЕШМА ИСКАЗНИК - с. ВОДОЧА

Пешачката патека е од исклучително значање бидејќи започнува од манастирот ’’Света Богородица Елеуса’’ во Велјуса и продолжува до комплексот водочки цркви ’’Свети Леонтиј’’ во селото Водоча.

На почетокотм минувајќи по неа, пешачката патека нуди прекрасна можност за посета на манастирот ’’Света Богородица Елеуса’’ во селото Велјуса, кој зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја на Република Македонија. Овој дел од патеката е целосно прооден и изобилува со богата природа, раскошен релјеф и пријатен воздух.

Со благо искачување нагоре, патеката продолжува до месноста наречена ’’Исказник’’. Во околината на патеката, сѐ до селото Велјуса, има разновидна листопадна и иглолисна шума. Од листопадните дрвја најмногу се застапени: брезата, липата, јаворот и други, а иглолисната шума е богата со бор, смрека, туја и др.

Тревната флора и различните видови на растенија се можност за набљудување, престој и собирање на цвеќиња и чаеви. Местото е богато и со повеќе видови на габи и тоа: лисичарка, шампињонка, срндак и др.

Од фаунистички аспект, присутни се: див зајак, волк, лисици, диви свињи, и др., а од птиците најкарактеристични се: славеј, фазан, еребица, сокол, орел, а присутни се и разни видови инсекти.

Поради присуство на козји или ловџиски патеки, местото најчесто го користат ловџиите и планинарските друштва во општина Струмица, за искачување по големата карпа, карактеристична за местото ’’Исказник’’.

Ова место е погодно за посетителите со добра физичка кондиција и за професионални планинари љубители за искачување по карпи. Нејзината намена е од различен карактер и тоа за: одмор, рекреација, релаксација, истражување, едукација и др.

Понатаму, патеката се спушта надолу и поминува низ мала гора со лешници, а подолу по рамен пат се среќаваат насади со цреши и оттука патеката продолжува до комплексот водочки цркви ’’Свети Леонтиј’’ во селото Водоча, чиј што планински амбиент ја надополнува нејзината убавина, и воедно ја прави оваа црква различна во секоја сезона од годината.

  • Флора и фауна:

Пешачката патека изобилува со разновидна флора, фунгија и фауна. Во пониските делови на патеката се среќава разновидна листопадна шума, а од дрвјата најмногу застапени се: Betula alba - бреза, Tilia sp. – липа, Acer sp. - јавор, а во повисоките делови има претежно иглолисна шума богата со Pinus sp. - бор, Juniperus sp. - смрека, Thuja sp. - туја и др.

На оваа патека има нискостеблести растенија како што се: рибизли, капини, малини, боровинки, шипка и др., како и повеќе видови на габи и тоа: лисичарка - Cantharellus cibarins, шампињонка - Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera и други видови. Тревната флора овозможува престој и собирање на цветови, разновдни видови на чаеви, плодови и др.

Од фаунистички аспект, најмногу има: див зајак, волк, лисица, диви свињи, и др., а од птиците најкарактеристични се: славеј, фазан, еребица, сокол, орел и др., како и присуство на разни видови инсекти.

  • Дополнители можности за користење на патеката: (еко – туризам, рурален туризам, хербален туризам, археолошки туризам, селски и агро – туризам, ловен туризам, пешачење и џогирање, планински велосипедизам, возење со четирицикл, алпинизам).

ПОДЛОГА: Земјен пат