Меѓународна Струмичка Ликовна Колонија


Меѓународната струмичка ликовна колонија е најстарата (во континуитет) ликовна манифестација од таков вид во Македонија и една од најстарите на Балканот. Во своето 51-годишно постоење, колонијата била домаќин на преку 1200 ликовни творци од земјата и светот (од сите континенти), а располага со фонд од преку 2500 дела работени во повеќе ликовни дисциплини. Колонијата се одржува секоја година во првата половина од месец август.