Споменик 11ти Октомври - Струмица


Денот на народното востание на македонскиот народ 11ти Октомври (1941 година), е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност. Востанието било кренато против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот.

Овој споменик е прво обележје подигнато по ослободувањето на територијата на Струмица. Откриен е на 11.10.1949 година. Се наоѓа во горниот дел на Малиот градски парк, во центарот на градот и зазема централно место во паркот. Споменикот е изграден од бетон во форма на пирамида на која од двете страни има мермерни плочи со ист текст. Заграден е со бетонска ограда и хортикултурно е уреден.