Споменик на загинатите бранители - Струмица


Споменикот на загинатите бранители во Струмица е изграден во 2007 година. Посветен е на двајцата загинати бранители од овој град, Атанас Јанев и Кољо Китанов, кои ги загубија животите во воениот конфликт во Република Македонија од 2001 година.

Автор на ова дело е македонскиот скулптoр Димитар Филиповски од Скопје, кој потекнува од стара скопска фамилија во која лиењето скулптури од бронза е традиција од 1960 година. Делото е изработено од бронза со висина од 150 см. Скулптурата посветена на бранителите од Струмичкиот регион е претставена со жена – пеперутка, бидејќи пеперутката е симбол на повторно раѓање, на новиот живот. Нејзината визуелна вредност е многу силна и полна со пораки. Главната точка, моментот на фокусирање на окото на гледачот кај оваа скулптура се наоѓа кај динамичната линија на жената, особено забележлива од профил и гледана од далечина. Всушност, тоа е претстава на еден таканаречен феникс, кој се издигнува од пепелот и продолжува да живее, исто како и почитта кон бранителите Атанас Јанев и Коле Китанов.

На постаментот на скулптурата се наоѓа бронзена плоча со натпис:

“Во чест на Атанас Јанев и Коле Китанов
Бранители кои ја сакаа татковината