Споменици


На подрачјето на Струмица и Струмичко се имаат случено голем број на настани кои имаа далекусежни последици за историјата на овој народ. Повеќето од нив се поврзани со богатото историско наследство и вековните стремежи на македонскиот народ за слобода. Но, ги има и оние кои одбележуваат поединци кои со своето работење оставиле траен историски или културен белег и го задолжиле својот народ на вечно сеќавање. Од таа причина се подигнати голем број на споменици и спомен - костурници кои достојно ги одбележуваат настаните и поединците од минатото.

Во последно време станавме свесни за одредени културни и традиционални вредности кои ги негуваме и ги одбележивме со споменици подигнати во чест на понатамошно зачувување на традицијата.