Историски места


Како позначајни локалитети поврзани со богатата историја на градот Струмица и Струмичко посебно ќе ги потенцираме локалитетите како “Св. 15 Тивериополски свештеномаченици” поврзани со житието на Св. 15-те маченици подоцна напишано од теофилакт Охридски, потоа локалитетот “Цареви Кули”, кој можеме да го поврземе со значајни историски настани како што се војните помеѓу Византија и Добромир Хрс кон крајот на 12 век, владеењето на самостојниот господар Стрез во првата половина на 13 век и протосевастот Хреља во првата половина на 14 век, црквата на “Орта Џамија” со познатото семејство Тетрагонити кое живеело во градот Струмица некаде во 12 и 13 век. Со важни историски настани можеме да го поврземе и локалитетот “Варница” во завршните операции за ослободување на земјата во 1944 година, како и многу објекти во Струмица поврзани со дејноста на револуционери, како онаа на Благој Јанков - Мучето, итн.