Хотел „Српски краљ“ - Струмица


Хотелот „Српски краљ“ е двокатна зграда со поткровни простории, градена во периодот од 1926 до 1928 година. Се наоѓа на улица „Маршал Тито“, наспроти Собранието. Зградата е богато декорирана со класицистички елементи и со флорална декорација на венецот, над и под прозорците. Во градбата има влијанија од западноевропската архитектура. Просторот е решен со приземје кое било градска кафеана, кат каде имало хотелски апартмани и поткровни простории. Од 1948 година била национален магазин (НАМА) за потоа да стане дел од трговското претпријатие „Југопромет”. Денес, објектот е во сопственост на „Про Кредит“ банка и во 2010 година беше направена целосна конзервација и реставрација на објектот.