Куќа на Михајлови - с. Велјуса


Оваа е двокатна куќа со изба – подрум, каде се наоѓа целата куќна остава. Тука се ковчезите со облеката, мрсот (месо, сирење, кајмак), покуќнинските садови, земјоделските алатки и др.

Во подрумскиот дел постојат и простории кои служат како летни кујни. Од подрумот директно се излегува надвор во дворот каде допира чистиот воздух. На горниот кат се одаите (собите), со под од дрвени штици, како и чардакот кој може да се нарече како ,,куќен тефирич’’. Преку дрвени надворешни скали се стигнува до чардакот од кој се влегува во собите.

На чардакот во текот на летото, преку денот, се седи на свеж воздух, а во текот на ноќта може да се спие. Чардакот, исто така, како најголем дел од куќата служи за пречекување на гости и за најразлични веселби. Под чардакот е тремот од кој е главната комуникација и со преосториите во приземјето и со одаите на катот.