Ајверијада


„Ајверијада“ е единствена манифестација која се одржува во периодот септември/октомври, а која има за цел презентација, афирмација и популаризација на локалниот струмички ,,Ајвер’’, кој претставува оригинален специјалитет направен од познатата струмичка црвена пиперка ,,Куртова капија’’. Во забавна и опуштена атмосфера, со песни, ора и хумор, посетителите дегустираат леб и ајвар, а најдобрите мајстори на ајварот добиваат награди.