Фестивал на камерен театар РИСТО ШИШКОВ


Меѓународниот фестивал на камерен театар ,,Ристо Шишков’’ е единствениот театарски фестивал во Македонија посветен на актерот, а се одржува секоја година во месец септември, почнувајќи од Денот на независноста на Македонија 8ми Септември. Веќе 22 години, на овој фестивал се доделува единствената награда за високо актерско достигнување која го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков, во конкуренција на актери од земјата и странство. Покрај тоа, се доделуваат и награди од Новата европска театарска асоцијација ,,Нета’’ во која членува и ФКТ ,,Ристо Шишков’’.