Раборци 1


Пешачка патека СТРУМИЦА – МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС СВ. ЛЕОНТИЈ, с. ВОДОЧА – МАНАСТИРСКА ЦРКВА СВ. БОГОРОДИЦА ЕЛЕУСА, с. ВЕЉУСА

Пешачката патека започнува од градот Струмица и поминува низ селото Баница, каде што се наоѓа ’’Струмин Гроб’’, една од познатите прераскажани легенди низ историјата во градот Струмица. ’’Струмин Гроб’’ е правоаголна ѕидана гробница, со наизменично редење на камен и тули, во стилот на средновековна гробница.

За настанувањето на гробот кај народот постојат три легенди: дека гробницата припаѓала на Струма, сестра на Кралот Марко; дека гробницата припаѓала на Персеј, принц - роднина на Александар Македонски; дека гробницата припаѓала на Струма, ќерка на некој заповедник на Словените на Струмичката област. Но, дали една од овие легенди е точна или гробот си има своја сосема друга историја, не се знае.

Овој дел од патеката е богат со разновидни специфични овошја за овој крај, а најпознатата е ’’Вељушката цреша’’. Патеката е во целост проодна и погодна за повеќе намени и тоа: одмор, рекреација, спортување, истражување, едукација и др. Од двете страни е богата со разновидна флора и раскошни пејзажи.

  • Флора и фауна:

Пешачката патека привлекува со незагадената животна средина, чистиот воздух, свежата изворска вода и селската идилична колоритност. Флората е богата со нискостеблести и високостеблести шуми.

Во пониските делови застапена е нискостеблеста шума со разновидни растенија и тоа: малини, рибизли, боровинки, капини, шипка и др., разновидни чаеви и повеќе видови на габи и тоа: лисичарка - Cantharellus, шампињонка - Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera, и др.

Од листопадните дрвја се среќаваат: Betula alba - бреза, Tilia sp. - липа, Acer sp. - јавори и др., а на повисоките делови доминираат зимзелените дрвја и тоа: Abies Alba - ела, Juniperus sp. - смрека, Cupressus sp. - чемпрес и др.

Од фаунистички аспект, најзастапени се: зајаци, волци, лисици, диви свињи и др., а од птиците присутни се: славеј, фазан, еребица, сокол, орел и др., како и разни видови на инсекти.

  • Дополнителни можности за користење на патеката: (еко – туризам, рурален туризам, пешачење и џогирање, планински велосипедизам, археолошки туризам, хербален туризам).

ПОДЛОГА: Асфалт