Добредојдовте во Струмица
Општина Струмица располага со материјални и духовни остатоци, создадени во различни временски епохи, почнувајќи од праисторијата, низ антиката, византиско-словенската, преку турскиот период, коишто согласно меѓународно - глобалните трендови, нудат сериозни можности за развој на туризмот, како специфичен феномен на современото пулсирање.
Што да посетите
Дојди во Струмица за да ги посетиш бројните повеќевековни цркви и манастири кои сведочат за богатото културно минато на овој крај и другите објекти и археолошки локалитети кои ја заокружуваат сликата на извонредното и раскошно недвижно и движно културно наследство и да ги посетиш шесте меѓународни културни манифестации од различен вид кои го прават овој град надалеку познат во Европа и светот.
Каде да се сместите
Дојди во Струмица за да се чувствуваш како дома во повеќето хотели, мотели и други сместувачки капацитети и откриј ја убавината на традиционалната струмичка храна. Добриот залак и добрата капка претставуваат вистинско задоволство, дури и за прибирливите сладокусци.
Дојди во Струмица за да се увериш дека ноќниот живот е една од познатите специфики на овој град.