Струмица Опен Фестивал
„Струмица Опен Фестивал“ е една од најмладите, но во исто време една од најмасовните манифестации не само во Струмица, туку и пошироко во Македонија. Станува збор за манифестација која е совршен спој на културата и забавата, со која се задоволуваат сите барања, вкусови и афинитети на граѓаните. Во делот на културата се застапени содржини од ликовната уметност, литературата, сериозната музика, театарската и филмската уметност и фолклорот. Последните три дена од фестивалот се резервирани за забава и мега концерти со учество на познати имиња од македонската забавна и фолк музика и ѕвезди од Балканската музичка естрада. Настаните на ,,Струмица опен фест’’ се одвиваат на повеќе локации во градот и населените места, а истите се посетени од неколку десетици илјади граѓани.