Момин Бунар 3
Пешачка патека МОМИН БУНАР – ЕРГЕНСКА ЧЕШМА – ЦРКВА СВ. НЕДЕЛА – ДВАТА ПАТА – с. ПОПЧЕВО – ЕЗЕРО ВОДОЧА
Пешачката патека нуди исклучителна можност за посета на вештачкото езеро, брана ’’Водоча’’ и селото Попчево. Започнува од местото ’’Момин бунар’’ и најпрво по асфалтиран пат, потоа по земјен пат, води до ’’Ергенска чешма’’, каде што постои пријатна можност за пауза со студена вода за гаснење на жедта.
Нагоре пешачката патека продолжува кон ’’Нов Манастир’’ и води до месноста ’’Двата Пата’’, погодна за одмор, рекреација и релаксација, за вежбање, а пред сѐ местото е идеално за ’’воздушна бања’’. Оттука, патеката продолжува кон селото Попчево. Патот е асфалтиран и погоден за движење и со превозно средство (автомобил, велосипед, моторцикл и др.).
Наоколу природата е богата со флора и фауна во сите годишни времиња, со пејзажи исткаени во најразлични бои. Пред селото Попчево, на патеката се наоѓа и Споменикот од НОБ, на Ристоман Попчевски. Патеката во целост е проодна и завршува во центарот на селото Попчево, каде што се наоѓа селската чешма. Тука може да се види и животот на луѓето во селската средина, а исто така, и да се промовира селскиот (рурален) туризам.
Потоа, по земјен и асфалтиран пат, патеката води до браната ’’Водоча’’, каде што секојдневно е полно со посетители во текот на целата година, а вештачкото езеро се користи за риболов, одмор и релаксација, пикник, вежбање и многу други спортски активности. На вештачкото езеро на браната ’’Водоча’’ има и Планинарски дом, за собири на планинарските друштва.
- Флора и фауна:
Пешачката патека поминува низ чист, богат со шуми и колоритен крај, со разновидна флора и фауна.
Во пониските делови застапена е нискостеблеста шума богата со повеќе видови на габи лисичарка - Cantharellus, шампињонка - Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera и др., разновидни чаеви и плодови како што се: рибизли, капини, малини, боровинки, шипка и др.
Од листопадните дрвја најмногу се застапени: Betula alba - бреза, Tilia sp. - липа, Acer sp. - јавор, Castanea - костен, Fagus silvatica - бука и др., а на повисоките делови доминираат зимзелените дрвја и тоа: Pinus sp. - бор, Cupressus sp. - чемпрес, Abies Alba - ела, Juniperus sp. - смреки и други видови.
Од фаунистички аспект, присутни се: зајак, волк, лисица, диви свињи и др., а од птиците тоа се: славеј, фазан, еребица, сокол, орел и др., а присутни се и разни видови на инсекти.
- Дополнителни можности за користење на патеката: (еко – туризам, пешачење и џогирање, лов и риболов,спортски риболов, рурален туризам, планински велосипедизам, археолошки туризам, хербален туризам).
класа
минути
километри
м.н.в.
м.н.в.
м.н.в.
ПОДЛОГА: Земјен пат