Банско 1
ТРИМ ПАТЕКА – с. БАНСКО
Трим - патеката над с. Банско со вкупна должина од околу 760 м. и 2 м. ширина, се протега од центарот на селото до хотелот ,,Цар Самуил’’, поврзувајќи ги кружно најзначајните културно – историски и туристички обележја во с. Банско.
Трим – патеката е модерна, поплочена со бекатон плочки, опремена со справи за рекреација и вежбање, со 30 клупи од двете страни за одмор на рекреативците, и осветлена со 40 канделабри.
Пешачката патека е наменета за сите категории на посетители кои што сакаат да се прошетат покрај прекрасната природа над селото ’’Банско’’, да ги посетат археолошките локалитети и културно – исторските споменици, а воедно да го почувствуваат и свежиот воздух од планината Беласица.
Овде има прекрасна можност за панорамско фотографирање на селото Банско и целата Струмичка околија. Пешачката патека е целосно проодна и после тампонираниот дел продолжува нагоре по земјен пат по планината Беласица.
- Флора и фауна:
Пешачката патека изобилува со разновидна флора, фунгија и фауна. Богатството и хетерогеноста на видовите на екоситемите се резултат на поволната клима и специфичната географска положба.
Тревната флора овозможува престој и собирање на цветови, разновдни видови на чаеви, плодови и др.
Во пониските делови на патеката се среќава разновидна листопадна шума, а од дрвјата најмногу застапени се: Betula alba - бреза, Tilia sp. – липа, Acer sp. - јавор, а во повисоките делови има претежно зимзелена шума богата со Pinus sp. - бор, Juniperus sp. - смрека, Thuja sp. - туја и др.
На оваа патека има нискостеблести растенија како што се: рибизли, капини, малини, боровинки, шипка и др., како и повеќе видови на габи и тоа: лисичарка - Cantharellus cibarins, шампињонка - Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera и други видови.
Од фаунистички аспект, најмногу има: срна, див зајак, волк, лисица, диви свињи, и др., а од птиците најкарактеристични се: славеј, еребица, фазан, тетреб, сокол, орел и др., а присутни се и разни видови инсекти.
- Дополнителни можности за користење на патеката: (еко – туризам, рурален туризам, археолошки туризам, термален туризам, пешачење и џогирање, планински велосипедизам, хербален туризам).
класа
минути
километри
м.н.в.
м.н.в.
м.н.в.
ПОДЛОГА: Бекатон (павер) плочки