Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура
Меѓународниот фестивал на афоризми и карикатура е манифестација која се одржува секоја година во времето на карневалските свечености во Струмица. Во изминатите 15 години колку што постои овој фестивал, повеќе стотини афористичари и карикатуристи од Македонија и целиот свет учествуваат на истиот со свои дела на тема ,,Еротика и карневал’’, а авторите на најуспешните карикатури и афоризми добиваат награди и признанија.