За проектот


Клучни информации за проектот

Наслов на проектот: “Развој на алтернативни форми на туризам”

Акроним: ПОДАТОЦИ ЗА ТУРИЗАМ

Времетраење: 07.12.2012 - 06.10.2014 (21 месец)

Приоритетна оска 1: Зајакнување на прекуграничниот економски развој

Област на интервенција 1.3: Промовирање на одржлив туризам

Проектни партнери:

  • Регион на Западна Македонија – Лерин, Грција (Водечки проектен партнер)
  • Општина Струмица, Република Македонија (Проектен партнер 2)

Вкупен буџет: 340,060.00 евра

Буџет по партнери:

Општина Струмица – 134,160.00 евра

Регион на Западна Македонија (Лерин) – 205,900.00 евра

Основа за подготовка на проектот
  • Идејата за проектот произлезе од новите перспективи за развој на алтернативните форми на туризам и неговото влијание врз економскиот развој. Подготовката на проектот беше поттикната и од фактот дека развојот на алтернативниот туризам ќе создаде можност за поголема прекугранична соработка.
  • Развојот на алтернативниот туризам претставува императив за регионот, заради унапредување и развој на туризмот, но и за зголемување на просечната должина на престојот на туристите во регионот.
Цели на проектот

Генерална цел на проектот е да се промовира прекуграничниот регион Струмица - Лерин како идеална дестинација за алтернативен туризам.

Специфични цели на проектот се:

  • Да се отстрани сезонскиот и едно - димензионалниот туризам, преку редефинирање и надградба на туристичкиот производ.
  • Идентификација и детерминација на туристичките капацитети за секој туристички регион, што претставува основна алатка за туристичкиот развој.
  • Создавање на специфична туристичка инфраструктура, одржување на пешачки патеки, мапирање и поставување на знаци, како и презентирање и промовирање на културните и еколошките карактеристики на секое место, кои претставуваат важни услови за развој на алтернативните форми на туризам.
Целни групи
  • Населението од Струмица и регионот;
  • Населението на Република Македонија;
  • Населението од прекуграничниот регион и
  • Странски туристи заинтересирани за алтернативните форми на туризам.
Остварени резултати (Општина Струмица)
  • Одржани 4 состаноци помеѓу заедничкиот проектен тим од Струмица и Лерин.
  • Одржан информативен настан за промоција на проектот.
  • Испорачани повеќе обуки за управување со проекти на тимот одговорен за спроведување на проектот и други заинтересирани чинители.
  • Подготвени, дизајнирани, испечатени и дистрибуирани промотивни материјали.
  • Промоција на проектот во локални и национални медиуми.
  • Подготвена Студија за проценка на моменталната состојба со туристичко – угостителскиот сектор во општина Струмица.
  • Идентификувани, мапирани и категоризирани 25 пешачки патеки за алтернативен туризам на територијата на општина Струмица во вкупна должина од 112 километри.
  • Утврдени критериуми за категоризација на пешачки патеки:
    • I категорија – 1 патека
    • II категорија – 16 патеки
    • III категорија – 3 патеки
    • IV категорија – 2 патеки
    • V категорија – 3 патеки.
  • Изградена пешачка (ТРИМ) патека, опремена со клупи, канделабри и друга урбана опрема со вкупна должина од 700 метри и ширина од 2 метри, која води до сите културно - историски објекти во населеното место Банско.
  • Изработена 3D анимација за презентација на 20 мапирани патеки.
  • Поставена туристичка сигнализација (54 знаци со известувачка и насочувачка информација, 16 патокази и 6 информативни табли).
  • Спроведени активности за чистење и уредување на дел од мапираните патеки.
  • Изработен играно – документарен филм (“Come to Strumica”) во HD резолуција за промоција на туристичките особености на општина Струмица.

Изработен комплетен виртуелен систем за промоција на туризмот во општина Струмица (специјализиран веб портал за туризам (www.come2strumica.mk) со 200 фотографии, 15 панорамски фотографии од 360 степени, GPS тракинг на пешачки патеки и др).