Св. Пророк Илија


Црквата „Св. Пророк Илија“ во Попчево е изградена во 1864/5 година. Камбанаријата на црквата е изградена во 1880 година. Црквата има прекрасен фрескоживопис, но тој се среќава само делумно во црквата. На фрескописот се претставени четирите евангелисти во медаљони над столбовите: Матеј, Лука, Марко и Јован. Иконостасот во црквата го насликале двајца зографи, од кој едниот бил Лазар Аргиров од Мелник. Црквата има и прекрасен иконостас, каде на првиот ред на икони се претставени: Св. Недела, Архангел Михаил на левата иконостасна врата, потоа св. Илија – патронот на црквата, Богородица, па царските двери од 1864 година, Исус Христос, Јован Крстител, Св. Никола и Св. Атанас. На вториот ред икони отстранети се грчките натписи и заменети се со црковно – словенска сигнатура. На врвот на иконостасот се наоѓа голем иконостасен крст работен во копаница. На таванот е насликан Исус Христос Пантократор, а на бајракот е претставено Распетието на Христос и најверојатно е насликано од Григориј Пецанов.