Споменик на Грабнатото бекче Назлам - бег – Струмица


Споменикот е лоциран на тревната површина во Градскиот парк и претставува композиција од три скулптури од бетон во природна човечка големина. Доминира фигурата на Гоце Делчев, па револуционерот – комита и фигурата на Назлам, синот на струмичкиот бег. И трите фигури се поставени на плато. Авторот сакал преку овие скулптури на симболичен начин да го прикаже грабнувањето на Назлам-бег, настан кој се случил во септември 1897 година, при еден од престоите на Гоце Делчев во Струмица. Во грабнувањето учествувале Гоце Делчев, Доне Лазаров, Петре Кончалиев и други револуционери. Дело е на академскиот ликовен уметник Борис Крстевски, а подигнат е по повод 75 – годишнината од Илинденското востание, односно во 1987 година.

.