Споменик за жртвите во пожарот кај Струмица - Струмица


Спомен – обележјето на бул. “Маршар Тито’’ е подигнато во чест на хероите на општина Струмица, браќата Пено и Блажо Стојанови, Мите Ѓорѓиев и Војо Гркланов, кои ги изгубија животите гасејќи го пожарот над градот. Споменикот е силен симбол на незаборавот и е дело на рускиот скулптор Григориј Потоцки, кој ги претставува бранителите на градот како четири птици – четири души, христијански претставени како летаат кон рајот. Основната идеја на авторот за изработка на овој споменик се базира на христијанските и традиционалните општочовечки симболи. Во основата на споменикот се огнените јазици и рацете кои бараат помош. Тие прераснуваат во четири птици кои летаат кон небото. Нивните заоблени глави и клунови наликуваат на силуети од христијанските цркви, а крилјата формираат крстови.