Спа и велнес
Дојди во Струмица ако вложуваш во сопственото здравје и уживаш во спа и велнес
Струмица како ниедна друга општина во Македонија нуди квантитет и квалитет во поглед на спа и велнес понудата.
- Бања Банско
Eдна од најбараните дестинации во бањскиот туризам во државата и на Балканот. Располага со пет термоминерални извори од кои најголемиот е стручно каптиран. Температурата на водата изнесува 72 степени целзиусови, а нејзините својства овозможуваат успешно лекување на сите видови ревматски и други заболувања, како и посттрауматско заздравување на коските. Сулфурната, калциумовата и радиолошката компонента на водата ја прават таа листа на разни заболувања и воспалителни процеси кои се лекуваат во оваа бања уште поголема. Тука се низа заболувања и воспалителни процеси на жолчката, желудникот, мочните патишта, дишните патишта, како и срцеви и друг вид заболувања.
Бања Банско е избрана за најдобра спа дестинација во Македонија за 2012 година.
- Спа и велнес центар – хотел „Сириус“
Со површина од 1500 м2 и со својата севкупна спа и велнес понуда, овој центар е единствен од ваков вид во Македонија. Како таков во 2012 година ја доби престижната награда “Balkan Spa Awards 2012” за најголем спа и велнес центар на Балканот. Посетителите во центарот можат секојдневно да уживаат во следниве содржини: затворен базен, џакузи, турска бања, парна бања, инфрацрвена сауна, финска сауна, солена бања, фитнес, масажи и луксузни третмани.
- Ендомак Велнес Центар
Центарот нуди масажа и велнес услуги кои овозможуваат релаксација, одржување на здравјето и физичката состојба и други поволности. Ендомак Велнес Центарот е добитник на награда за најдобар Велнес центар во Македонија.
На своите посетители, Центарот им ги нуди следниве услуги: боди билдинг, лента за трчање, елиптичен велосипед, масажа, солариум, швајцарски туш, сауна, финска сауна, хидромасажа и хрома терапија.