АстефФест
„Астерфест“ е името на интернационалниот филмски фестивал кој се одржува секоја година кон крајот на месец мај. Овој фестивал го негува, афирмира и популаризира краткиот игран филм од домашната и странската филмска продукција. Во изминатите десет години, љубителите на филмската уметност проследија неколку стотини филмови од познати авторски имиња меѓу кои и добитници на ,,Оскар’’.