Раборци 2


Пешачка патека ЕЗЕРО ВОДОЧА – с. ВОДОЧА – МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС СВ. ЛЕОНТИЈ, с. ВОДОЧА – МАНАСТИРСКА ЦРКВА СВ. БОГОРОДИЦА ЕЛЕУСА, с. ВЕЉУСА

Пешачката патека е од исклучително значење и привлекува посебно внимание со прекрасната глетка на комлексот водочки цркви ’’Свети Леонтиј’’ во селото Водоча и манастирот ’’Света Богородица Елеуса’’ во селото Велјуса, кои што го заземаат едно од најзначајните места во црковната историја не само во југоисточниот дел на Македонија, туку и на Балканот.

Пешачката патеката во целост е проодна, како за пешаци, така и за превозни средства. Нејзината намена е од различен карактер и тоа за: одмор, рекреација и релаксација, истражување, едукација и др.

Патеката на почетокот започнува од езерото “Водоча”, кое нуди можност за голем број спортски активности (пешачење, џогирање, ров и риболов и др.). Пред влезот на селото Водоча има три мали чешми, со ладна питка вода.

Одовде, патеката продолжува кон селото Водоча, каде што може да се посети најубавиот комплекс водочки цркви ’’Свети Леонтиј’’ во атарот на село Водоча, кој е од непроценлива вредност како за општина Струмица, така и за Република Македонија.

Селото Водоча е легендарно поврзано и со настанот за Самуиловите војници и нивното ослепување. Пешачката патека продолжува кон манастирот ’’Света Богородица Елеуса’’ во селото Велјуса, рај за очите и душата, во кој може да се почувствува вистински душевен мир и спокојство.

Двата манастирски комплекси во селата Водоча и Велјуса се идеални места за посета и развој на манастирски туризам.

Патеката има можност и за кружно движење, кон градот Струмица.

  • Флора и фауна:

Пешачката патека привлекува посебно внимание со незагадената околина, чистиот воздух, свежата изворска вода и селската идилична колоритност.

Флората е богата со нискостеблеста и високостеблеста шума. Нискостеблестата шума е застапена со разновидни растенија и тоа: малини, капини, боровинки, рибизли, шипка и др., разновидни чаеви, повеќе видови на габи и тоа: лисичарка - Cantharellus, шампињонка - Agaricus bisporus, срндак - Macrolepiota procera, и др.

Од листопадните дрвја најзастапени се: Betula alba - бреза, Tilia sp. - липа, Acer sp. - јавор и др., а од зимзелените дрвја: Pinus sp. - бор, Abies Alba - ела, Juniperus sp. - смрека, Cupressus sp. - чемпрес и др.

Од фаунистички аспект, присутни се: зајак, волк, лисица, диви свињи, и др., а од птиците тоа се: славеј, фазан, еребица, солок, орел и др., како и разни видови на инсекти.

  • Дополнителни можности за користење на патеката: (еко – туризам, рурален туризам, археолошки туризам, лов и риболов, пешачење и џогирање, планински велосипедизам, хербален туризам).

ПОДЛОГА: Асфалт